Кошаркарите на Атланта на теренот од Кливленд Кавалирс ја одиграа најдобра средба сезонава победувајќи со 127-98.
Тимот на Кливленд каде прва ѕвезда е Леброн Џејмс немаше одговор за разиграните кошаркари на Атланта кои им одржаа лекција по модерна кошарка.
Македонскиот интернационалец Перо Антиќ комплетно се вклопи во мозаикот на „јастребите“ постигнувајќи 11 поени со четири скокови и две асистенции.
Атланта има одличен скор од 18-7 и се наоѓаат први врвот во вкупниот пласман во источната конференција.
Мх.П.