Атланата го победи Кливленд (106:97) во дерби мечот одигран во ноќта помеѓу петокот и саботата во НБА лигата.


Дека е најдбриот тим на Истокот Атланата покажа и против Кливленд, каде по фуриозната прва четвртина (36:19) стигна до 49-от триумф во 61-от натпревар сезонава. Атланата сезонава победи на сите четири натпревари со Кливленд кој има скор од 39 понеди и 25 порази и се наоѓа на четвртата позиција во Источната конференција.

Перо Антиќ во триумфот на својот тим имаше епизодна улога, тој на теренот мина шест и пол минути, а во статистиката имаше само еден неуспешен обид за три поени.


Хукси во своите редови имаа шестмина играчи со двоцифрен ефект: Хорфорд (19 поени, 10 скока, 6 асистенции), Милсап (16 поени, 8 скока), Тиг (16 поени), Бизмор (15 поени), Скот (14 поени), Керол (11 поени, 7 скока).

Ирвинг со 20 поени го предводеше Кливелнд , додека добрата одбрана на Атланата го натера Леброн Џејмс да загуби дури девет топки, тој натпреварот го заврши со 18 поени, 6 скока и 8 асистенции.

„Макфакс“