Првата виолина во составот на Кливленд, Леброн Џејмс со дабл-дабл учинок (38 поени и 12 скокови) го преводеше составот до третата победа (106-101) над Чикаго во петтиот меч од серијата.
Втор натпревар по ред „Кралот Леброн“ е херој на „коњаницата“ откако во четвртиот погоди за победа со сирената, а во петтиот практично сам ги скроти „биковите“.
Покрај кошаркарите на Кливленд победа 124-103 во петтиот натпревар забележа Хјустон над Лос Анџелес Клиперс и намали на 3-2 во серијата.
Мх.П.