Екипите на Торонто и Атланта забележаа победи со круцијално значење во петтиот натпревар од сериите со Индијана 102-99 односно Бостон 110-83 во плејофот од НБА лигата.


„Рептилите“ и „јастребите“ после овие победи поведоа со 3-2 во сериите и уште еден триумф ги дели од пласман во втората елиминациска фаза.


Резултати: Торонто – Индијана 102-99 (3-2), Атланта – Бостон 110-83 (3-2).

OhridNews