Кошаркарот на Минесота, Зак Лавин триумфираше во забивањата додека Стеф Кари победи во конкуренцијата „тројки“ на Ол Стар викендот во Њујорк.


19-годишниот кошаркар славеше со максимални 100 бодови пред својот ривал во финалето Виктор Оладипа, кој освои 72 поени.

Едно од забивањата Лавин го направи во дрес на Мајкл Џордан и стана втор најмлад кошаркар во историјата по Коби Брајант, кој победил на Ол Стар забивањата.


Во многу квалитетна конкуренција предводеникот на Голден Стејт Вориорс, Кари се закити со наградата најдобар тројкаш.


Доцна вечерва ќе се одигра и дуелот меѓу најдобрите ѕвезди од Истокот и Западот.

Мх.П.