Шампионот од источната конференција Кливленд го изедначи резултатот 1-1 во финалната серија победувајќи го Голден Стејт по продолженија 95-93.


„Коњаницата“ до егал во серијата стигна благодарание на Леброн Џејмс, кој зад неговото име запиша трипл-дабл учинок постигнувајќи 39 поени, 16 скока и 11 асистенции.

Сепак, клучните поени за победа на „кавалрси“ ги реализираше Метју Делаведова, кој реализише две слободни фрлања на четири секунди до крајот.

Натпревар за заборав имаше најдобриот играч на Голден Стејт сезонава, Стеф Кари, кој погоди само 2 тројки од 15 обиди.


Серијата во финалето се сели во Кливленд каде Леброн и дружината ќе бидат домаќини на три натпревари во низа.

Мх.П.