Кошаркарите на Бостон ја дуплираа предноста (2-0) во финалната серија на истокот победувајќи го Кливленд пред своите гледачи со 107-94 во вториот меч.

„Детелините“ со тимска игра комплетно ја неутрализираа маестрална партија на Леброн Џејмс кој постигна 42 поени, а додаде уште 12 асистенции и 10 скокови. Во тимот на „селтикси“ дури шест играчи имаа двоцифрен број на поени, а ги предводеше Џејлен Браун со 23 кошеви.

Финалната серија се сели во Кливленд, а „коњаницата“ нема право на грешка, доколку сака пласман во големото финале.

OhridNews