Чикаго Булс го совлада тимот на Кливленд 113-98 во дербито за третата позиција во источната конференција во НБА лигата.
Првата виолина на Кливленд, Леброн Џејмс одигра маестрална партија постигнувајќи 31 поен, но немаше помош од соиграчите.
За разлика од „биковите“ кои ги предводеше Дерик Роуз со 30 поени и резервистот Тони Шел, кој реализираше 22 кошеви.
Победата на Чикаго е 34-та сезонава додека „кавалирси“ останаа на 33-те и паднаа на петтата позиција.
Ohridnews