Кошаркарите на Кливленд поведоа со 2-0 во финалната серија на Истокот со Атланта победувајќи на гостински терен со 94-82.
Првата виолина во составот на Кливленд, Леброн Џејмс ги презеде работите целосно во свои раце поради отсуството не плејот Кајри Ирвинг.
Џејмс одигра фантастичен натпревар постигнувајќи 31 поени, а додаде уште 11 асистенции и 9 скокови. Џеј ар Смит уфрли 28 кошеви и беше верна сенка во текот на мечот на „кралот Џејмс“.
Македонскиот интернационалец Перо Антиќ не се запиша во листата на стрелци, а на теренот помина скор десет минути.
Најдобриот тим на Истокот во регуларниот дел од сезоната се наоѓа во незавидна ситуација бидејќи следните два натпревари од серијата се играат во Кливленд.
Мх.П.