Кошаркарите на Лос Анџелес дефинитивно останаа без шанси за пласман во плејофот после поразот на домашен терен од Бруклин (111-106). „Езерџиите“ со скор 31 победа и 41 пораз се наоѓаат на 11-то место на западот, додека осмопласираниот Сан Антонио има скор од 42 победи и 31 пораз.

Тоа значи дека првата ѕвезда на „лејкерси“, Леброн Џејмс нема да биде дел од плејофот прв пат после 14 сезони. Претходно, Џејмс пласман во плејофот не успеа да обезбеди со Кливленд во 2005 година.

Сигурно, Џејмс не очекуваше ваков расплет на првата сезона во Калифорнија, но повредите и пред се` слабата екипа си го направија своето. Џејмс во минатите осум сезони констатно беше дел од финалните натпревари без разлика го носеше дресот на Мајами или Кливленд.

OhridNews