Кошаркарите на Кливленд обезбедија пласман во големото НБА финале елиминирајќи ја Атланта со чисти 4-0 во финалната серија на Истокот.
Леброн Џејмс и дружината во четвртиот натпревар од финалната серија одиграа од подобрите сезонава победувајќи со убедливи 118-80.
Нашиот Перо Антиќ и „јастребите“ немаа ниту мал простор за надеж за нешто повеќе во натпреварот, кој означи крај на сезоната за најдобриот тим на Истокот.
Шест кошаркари во Кливленд постигнаа двоцифрен број на поени, а ги очекувано ги предводеше Џејмс со 23 поени. Антиќ воопшто не настапи во четвртиот натпревар, а најпрецизен во составот беше Џеф Тиг со 17 поени.
Противник на Кливленд во големото финале ќе биде победникот од Голден Стејт – Хјустон (3-1) во финалната серија на Западот.
Мх.П.