Низ кошаркарските кулоари во Америка се повеќе се зборува за менувањето на официјалното лого на НБА лигата кое датира од 1969 година. 

Кошаркарот на логото, Џери Вест иначе член на Лос Анџелес Лејкер нема ништо против менувањето и веднаш даде предлог кој да го замени, а тоа е легендарниот Мајкл Џордан.

– Џордан е најдобар кошаркар од сите досегашни кои ги имам гледано во НБА лигата. Можеби сум многу остар во оценувањето на кошаркарите, но добар играч може да биде оној кој игра на исто ниво одбрана и напад. Сето ова го долги години го гледав во играта на Џордан кој секогаш екипата ја водеше до победа. – рече Вест или „мистер Силуете“.


Вест целата кариера ја помина во тимот на „езерџиите“ освојувајќи само една титула, но неговиот рекорд во плејофот останува постигнувајќи 46.3 поени во просек по натпревар.

И по 13 години од повлекувањето на „Аир Џордан“ од кошаркарката производите со неговиот заштитен знак се најпродавани и најбарани во Америка.

Мх.П.