Натурализираниот македонски репрезентативец, Лестер Бо Мекелејб својата кариера ќе ја продолжи во НБА лигата откако потпиша договор со тимот на Њу Орлеанс Пеликанс.


Екс играчот на Партизан, Баерн Минхен, Фенербахче и Монтепаски се враќа онаму каде се роди и ја започна кошаркарската кариера.

Се уште не се обелоденети детали од договорот, но едно е јасно дека неговиот сон за настап во НБА лигата станува реалност.

Токму тој беше предводник на македонската селекција во 2011 година на Евробаскетот во Литванија до историскиот пласман на четвртата позиција.

Ohridnews