Кошаркарите на Детроит му го нанесоа 19-от пораз сезонава на „јастребите“ победувајќи ги со 105-95 во НБА лигата.
По обезбедувањето на првата позицијата во источната конференција „јастребите“ играат променливо што го искористи тимот на Детроит.
Македонскиот интернационалец Перо Антиќ на теренот помина 15 минути, а во нив не успеа постигна ниту еден поен иако имаше седум обиди.
До крајот на регуларниот дел во НБА има уште седум натрпревари, а потоа стартуваат плејоф возбудувањата.
Мх.П.