Финалистот на истокот, односно противникот на Кливленд ќе го даде седмиот натпревар или „мајсторката“ помеѓу Вашингтон и Бостон, откако „визардси“ во шестиот меч славеа со тесни 92-91 за егал 3-3 во полуфиналната серија.

Херој на домаќините беше Џон Вол кој на пет секунди до крајот на мечот погоди за три поени и донесе водство 92-91 кое се покажа доволно за победа.

Вол натпреварот го заврши со 26 поени, додека најпрецизен во тимот на Вашингтон беше Бил со 33 поени. Во составот на Бостон по 27 кошеви уфрлија Томас и Бредли.

Седмиот натпревар од серијата се игра на 16 мај во раните утрински часови на теренот од „детелините“.

OhridNews