Кошаркарите на Мајами и Индијана се изборија за седми натпревар победувајќи ги Шарлот (97-90) односно Торонто (101-83) во шестиот меч од плејоф серијата.
„Жешките“ имаа ѓаволска тешка задача бидејќи како гости ја бркаа победата која им овозможи „мајсторка“ пред своите гледачи.
„Пејсерси“ на свој терен не му дозволија на Торонто да слави и да обезбеди пласман во следната фаза, „рептилите“ тоа ќе може да го направат на седмиот меч кој се игра во „Ер Канада“ центарот.
Единствениот меч на Западната конференција имаше краен епилог откако Портланд со 106-103 го совлада ЛА Клиперс и закажа дуел со Голден Стејт во полуфиналето
Резултати: Индијана – Торонто 101-83 (3-3), Шарлот – Мајами 90-97 (3-3, Портланд – ЛА Клиперс 106-103 (4-2).
OhridNews