Кошаркарите на Мајами, Кливленд и Лос Анџелес Клиперс максимално го искористија домашниот терен победувајќи во двата воведни натпревари со Шарлот, Детроит односно Портланд.


„Жешките“ до водство од 2-0 стигнаа со триумф 115-113 додека Леброн Џејмс и дружината овој пат лесно се справија со „клиповите“ совладувајќи ги со 107-90.


На западната конференција Клиперс се наоѓа на половина пат од пласман во следната рунда победувајќи го Портланд со 102-81 во вториот меч.


Резултати: Мајами – Шарлот 115-103 (2-0), Кливленд – Детроит 107-90 (2-0), Лос Анџелес Клиперс – Портланд 102-81 (2-0).

OhridNews