Тимот на Мајами Хит со победа над Чикаго Булс 107-95 ја започна одбраната на тронот во НБА лигата. Пред почетокот на мечот кошаркарите на Мајами ги добија „прстените“ за освоената титулата минатата сезона.

На победи од почетокот на шампионатот се радуваа уште Лос Анџелес Лејкерс и Индијана кои беа подобри од Лос Анџелес Клиперс 116-103 односно Орландо 97-87.

Мх.П.