Екипата на Мајами пред своите гледачи го совлада тимот на Кливленд со 101-91, кој е предводен од Леброн Џејмс.
Публиката во Мајами со овации го поздрави и пречека Џејмс, кој четири години го носеше дресот на „жешките“.
Домашните кошаркари повеќе ја посакуваа победата, а меч за паметење одигра Двејн Вејд постигнувајќи 31 поен, наспроти него Џејмс реализираше 30, но немаше никаква помош од соиграчите.
Мх.П.