Седмиот натпревар популарен како „мајсторка“ ќе го одлучува шампионот на истокот и патникот во финалето од НБА лигата, откако Кливленд на домашен терен во шестиот меч со 109-99 го совлада Бостон и ја изедначи серија 3-3.
Кошаркарите на Кливленд клучната разлика за победникот ја направија во втората четвртина која им припадна со 34-18. Бостон доби две од четирите четвртини, првата 25-2о и третата 30-29, додека последната заврши егал 26-26.
Нова „ѕверска“ партија пружи Леброн Џејмс кој уфрли 46 поени, а додаде уште 11 скокови и 9 асистенции. Поддршка предводникот на „кавалирси“ доби од Џорџ Хил и Џеф Грин кои искомбинираа 34 кошеви. Во тимот на Бостон, Тери Рози постигна 28, а Џајлен Браун 27 кошеви.
OhridNews