Голден Стејт се избори за мајсторка во финалната серија на Западот откако преживеа во „Енерџи арената“ победувајќи го составот на Оклахома со 108-101 во шестиот меч од серијата.
„Громовите“ цели три четвртини го имаа финалето во свои раце, но „воините“ со фантастична игра во последниот квартал покажаа зошто се број еден во НБА лигата.
Домаќините со плус осум поени влегоа во финишот, а гостите носени од Клеј Томпсон (41 поен) не само што направија пресврт туку славеа и со плус седум поени.
Секако, поддршка за Томпсон беше Стеф Кари кој реализираше 26 кошеви, а му недостигаше една асистенција за комплетирање на „трипл дабл“ учинок. Кај „громовите“ Кевин Дурант постигна 29 поени, а Расел Вестбрук еден помалку.
OhridNews