Сан Антонио поведе со 1-0 во полуфиналето во Западната конференција победувајќи го составот на Оклахома со убедливи 124-92 на стартот од серијата.


Својата класа и квалитет „мамузите“ го покажаа во првата четвртина во која постигна неверојатни 43 поени и ја добија со 23 поени разлика.

Од четвртина во четвртина предноста се зголемуваше и на почетокот од последната изнесуваше високи 39 поени.

Во последниот квартал „громовите“ го ублажија колку толку поразот добивајќи го со 26-19 за конечни (124-92).

Најпрецизен во составот на Сан Антонио беше Олдриџ со 38 кошеви, Леонард реализираше 25, а грин 18 за убедлив почеток.

Резултати: Сан Антонио – Оклахома 124-94 (1-0).

OhridNews