Екипите на Кливленд и Сан Антонио својот квалитет го потврдија на гостински терен победувајќи ги составот на Торонто (115-94) односно Хјустон (103-92) во третите натпревари од четвртфиналните серии.
„Коњаницата“ со триумфот во „Аир Канада“ центарот стигна до третиот триумф во серијата со „рептилите“, додека „мамузите“ со победата им вратија мило за драго на „рекетите“ за брејкот во првиот меч од серијата.
Резултати: Торонто – Кливленд 94-115 (0-3), Хјустон – Сан Антонио 92-103 (1-2).
OhridNews