Кошаркарите на Кливленд се наоѓаат на една победа од пласман во следната рунда во плејофот во НБА лигата, откако во третиот меч од серијата со Индијана славеа со 119-114 и поведоа со 3-0.


„Пејсерси“ на полувреме имаа водство од 15 поени, но „коњаницата“ во вториот дел предводена од Леброн Џејмс кој мечот го заврши со 41 кош го сврте резултатот во своја полза и забележа нова вкупно трета победа.


Екипата на Мемфис ја врати неизвесноста во серијата со Сан Антонио победувајќи во третиот меч 105-94 после кој намалија на 2-1. „Гризлите“ и четвртиот меч го играат пред своите гледачи што ќе биде шанса за егал со „мамузите“ кои се меѓу петте фаворити за тронот во НБА лигата сезонава.

Резултати: Индијана – Кливленд 114-119 (0-3), Милвоки – Торонто 104-77 (2-1), Мемфис – Сан Антонио 105-94 (1-2).

OhridNews