Собирот на сите ѕвезди во НБА лигата или популарен како „All star“ викенд продолжи со натпреварите во тројки, забивања и вештините со топка.

Во шутирањето на тројки триумфираше кошаркарот на Феникс, Девин Букер кој погоди неверојатни 28 пати од линијата за три поени, додека во забивањата приматот го понесе Донован Мичел од Јута Џез, а во вештините со топка првото место му припадна на Спенсер Данвиди од тимот на Бруклин Нетс.

Возбудувањата на собирот на сите ѕвезди во Лос Анџелес ќе кулминира вечерва помеѓу недела и понеделник со натпреварот помеѓу тимот на Леброн Џејмс и тимот на Стеф Кари.

OhridNews