Кошаркарите на Милвоки обезбедија пласман во финалето во источната конференција елиминирајќи го Бостон во пет мечеви со вкупен резултат 4-1, додека бранителот на трофејот во НБА лигата Голден Стејт стигна до водство 3-2 во серијата со Хјустон победувајќи пред своите гледачи.

Најдобриот тим на истокот во регуларниот дел од сезоната комплетно ја оправда фаворитската улога во серијата со „детелините“. Милвоки високото ниво на игра го задржа во петтиот натпревар кој го добија со високи 25 поени разлика (116-91) за пласман во финалето.

На една победа од пласман во финалето на западот е Голден Стејт. „Воините“ на домашен терен со 104-99 го совладаа Хјустон и поведоа со 3-2 во полуфиналето. Стеф Кари и Клеј Томпсон ја презедоа улогата на лидери, откако се повреди Кевин Дурант. Џејмс Харден и дружината пропуштија добра можност за гостинска победа и преземање на водството и меч топка во шестиот натпревар. Работите не се одвиваа најдобро за Хјустон, а Голден Стејт ја има приликата за заверување на пласман во финалето.

Резултати: Милвоки – Бостон 116-91 (4-1), Голден Стејт – Хјустон 104-99 (3-2).

OhridNews