Екипата на Милвоки ја прекина победничката серија на Голден Стејт во НБА лигата нанесувајќи му го првиот пораз (108-95) сезонава.


Триумфалната серија на „воините“ траеше 24 натпревари во новата и четири мечеви од старата сезона каде играа во финалето.

Стеф Кари одново беше најефикасен кај Голден Стејт со 28 поени, Дрејмонт Грин заврши со 24 поени, а во составот на Милвоки најпрецизен беше Крег Монро со 28 кошеви.


Кошаркарите на Голден Стејт ja имаа втората најдолга серија победи, после шампионскиот состав на Лејкерс кој врза 33 победи во 1971/72 сезоната.

Ohridnews