Германецот Дирк Новицки од тимот на Далас е прогласен за МВП на овогодинешното првенство во НБА кошаркарската лига. Тој е првиот европеец што го освоил овој престижен трофеј и само четврти неамериканец на листата освојувачи. Новицки во својата деветта сезона оствари 1.138 поени, а од 129 спортски коментатори и новинари кои го правеа изборот дури 83 го ставија на прво место од своите листи. Зад него после гласањето останаа двократниот МВП Стив Неш и Кобе Брајант од „лејкерси“. Новицки е секако избран и во најдобрата петорка на првенството. Неговиот тим, Далас имаше скор 67 победи и само 15 порази во регуларниот дел од сезоната.