Најдобриот тим во НБА лигата, Голден Стејт се избори за пласман во големото финале елеминирајќи го Хјустон со 4-1 во конференциското финале.
„Воините“ четвртиот триумф во финалната серија на Западот го запишаа пред своите гледачи во петтиот натпревар совладувајќи ги „ракетите“ со 104-90.
Кари и Барнес искомбинираа речиси половина поени, Топмсон одново имаше солидна престава, а на висина задачата беше и целиот состав на Голден Стејт. Првата виолина на Хјустон, Харден постигна само 14 кошеви, а најпрецизен во составот беше Хауавард со 18 поени.
Во големото финале за прстенот „воините“ ќе се борат со Кливленд предводен од Леброн Џејмс, кој пак ја „збришаа“ Атланта со чисти 4-0 на Истокот.
Мх.П.