Сан Антонио Спарс е на половина пат до големото финале во НБА Лигата. “Спарси“ и во вториот натпревар на домашен терен успеаа да ја совладаат Оклахома, сега со 120-111.

Францускиот плејмејкер Тони Паркер мечот го заврши со  34 поени, голема подршка за Паркер стигна од Џинобили со 20 и Леонард 18 кошеви. Данкан со “дабл дабл“ учинок (11 поени – 12 скокови) ја заврши одличната вечер за Сан Антонио.

Во поразениот состав Дјурент беше најпрецизен со 31 кош, најдобриот шест играч во НБА Лигата, Харден уфрли 30 а Расел Вестбурк 27, но и овие поени не беа доволни да се избегне вториот пораз во серијата од “спарси“.

Видео : Сан Антонио – Оклахома 120-111.

Мх.П.