Кошаркарите на Атланта и феноменалниот бек на Кливленд, Кајри Ирвинг, ја одбележаа ноќта во НБА лигата. Атланта го совлада Бруклин (113.102) и ја забележа 17-та победа во низа, вкупно 38-ма во сезоната, додека Ирвинг го одигра мечот на кариерата и со 55 поени го предводеше Кливленд до победата над Портланд (99:94).
Атланта е лидер на Истокот, а вкупно во лигата се наоѓа на второто место зад Голден Стејт Вориорс. Најнова жртва на кошаркарите на овој клуб беше Бруклин, а во победата од 113:102 шетмина играчи имаа двоцифрен учинок.
Македонскиот интернационалец Перо Антиќ со скромен статистички учинок партиципираше во победата на својот тим. Антиќ мечот го заврши со два поени, два скока и една асистенција. Пол Милсап со 28 поени и 15 скока ја предводеше екипата до победата.
„Макфакс“