Синоќешните четири мечеви во првата фаза од плејофот во НБА лигата поминаа во знакот на гостите кои победија на сите натпревари. Екипите на Милвоки, Хјустон и Филаделфија стигнаа до третата победа во серијата, додека Денвер до втората.

Милвоки на гостински терен славеше против Детроит 119-103, Хјустон обезбеди тесен триумф 104-101 над Јута, Филаделфија подобра беше од Бруклин 112-1-108, а Денвер со победата 107-103 над Сан Антонио изедначи во серијата.

Резултати: Детроит – Милвоки 103-119 (0-3), Јута – Хјустон 101-104 (0-3),  Бруклин – Филаделфија 108-112 (1-3), Сан Антонио – Денвер 103-107 (2-2).

OhridNews