Леброн Џејмс повторно режираше драматична победа со поени во последните секунди за Кливленд. Овој пат популарниот „крал на кошарката“ погоди за конечна победа (105-103) во третиот меч со Торонто во источната конференција.

Со триумфот во првиот меч пред своите гледачи „коњаницата“ стигна до третата победа во серијата и се наоѓа на една од пласман во конференциското финале. Првата меч топка составот на Кливленд ќе ја има во четвртиот меч, кој исто така го игра на домашно тло.

Идентично водство (3-0) како Кливленд во полуфиналната серија на истокот обезбеди и Бостон, кој славеше со тесни 101-99 против Филаделфија после дополнителни пет минути. „Сиксерси“ прерано почнаа да ја слават победата во регуларниот дел од средбата, а тоа им се удри од глава, откако „детелините“ најпрво резултатски се вратија во игра и на крајот се радуваа на победа.

Резултати: Бостон – Филаделфија 101-99 (3-0), Кливленд – Торонтон 105-103 (3-0)

OhridNews