Ниту во вториот натпревар во новата сезона во НБА лигата екипата на Лос Анџелес Лејкерс преводена од Леброн Џејмс не успеа да забележи победа. Во Стејплс центарот бодови ги освои Хјустон кој со 124-115 го совлада домашниот состав.

Натпреварот помеѓу „езерџиите“ и „ракетите“ го одбележа тепачката помеѓу Ражон Рондо (Лејкерс) и Крис Пол (Хјустон). Двајцата кошаркари првично имаа вербална расправија, а веднаш прерасна во тепачка на паркетот. Во мешаницта се уфрли и Инграм кој го нападна Пол, а потоа влетаа кошаркарите од двата тимови и се смирија страстите. Актерите во немилите сцени беа исклучени и оставија црна дамка на дебито на Џејмс пред публиката во ЛА.

Најпрецизен во тимот на Хјустон беше Џејмс Харден со 36 кошеви, а 28 реализираше Пол. Леброн застана на 24 поени без поголема помош од некој друг соиграч.

OhridNews