Најдобриот играч во НБА лигата, Стеф Кари одново имаше ноќ за паметење откако му донесе победа на својот тим Голден Стејт на тешкото гостување кај Оклахома 121-118.


Организираторот на играта кај „воините“ постигна рекордни 12-ет тројки сезонава, вклучувајќи победничката на две секунди од крајот на мечот.

Инаку, Кари пропушти дел од третата четвртина откако се повреди во дуелот со Расел Вестбурк под кошот. Плејот на крајот мечот го заврши со 46 поени, а кај поразените најпрецизен беше Кевин Дурент со 37 кошеви.

OhridNews