Серијата на Атланта, во НБА првенството, од 19 последовни победи заврши во ноќта помеѓу понеделникот и вотрникот, со поразот во Њу Орлеанс (115:100).
Атланта и покрај поразот останува лидер во лигата со скор од 40 победи и девет порази. Инаку, Пеликанс на Атланта и го нанесоа првиот пораз во 2015 година.
Македонскиот интернационалец Перо Антиќ, во Њу Орлаенс речиси и да немаше никаков ефект на паркетот. Тој за нецели шест минути игра не постигна ниту еден поен, а оставри само една блокада.
Џеф Тиг со 21 поен беше најефикасниот играч ан Атланта, додека домашниот тим до победата го преводеа центрите Ентони Дејвис (29 поени, 13 скока) и Омер Ашик (9 поени, 17 скока).
„Макфакс“