Кошаркарите на Оклахома одиграа уште еден фантастичен натпревар на домашен терен против шампионот Голден Стејт (118-94) и поведоа со 3-1 во финалната серија на Западот.


„Громовите“ го фрлија на колена во секој поглед составот на Голден Стејт кој изгледаше моќно и непобедливо до финалните мечеви во западната конференција.

Стеф Кари одново имаше меч за заборав постигнувајќи само 19 поени, а нешто подобар скор имаше Клеј Томпсон со 26 кошеви.


Во победничкиот состав најмногу се истакна Расел Вестбрук кој заврши со трипл-дабл учинок (36 поени, 11 скокови и 11 асистенции). Кевин Дурент реализираше 26 поени, а Ибака и Роберсон искомбинираа 34 кошеви.


Петтиот меч од серијата на Западот се игра на теренот на Голден Стејт, а „громовите“ имаат „меч топка“ за пласман во финале.

OhridNews