Кошаркарите на Оклахома во шестиот меч од серијата со Сан Антонио ја забележаа четвртата победа (113-99) која им го трасираше патот во финалето од западната конференција.
Во финалето на Западот тимот на Оклахома ќе се сретне со најдобриот тим и актуелниот шампион во НБА лигата, Голден Стејт.
„Громовите“ гостинскиот триумф во петтиот меч го капитализираа со домашна победа во шестиот и пласман во финалето.
Домаќините доминираа во текот на целиот натпревар не дозволувајќи му на искусниот состав од Сан Антонио да се постави рамнотежа.
Кевин Дурент постигна 37 поени, а Расел Весбурк реализираше 28, но „Кеј Ди“ имаше девет скокови во одбрана додека бекот имаше фантастични 12 асистенции. Голем ветар во грб дуото имаше од Адамс и Роберсон кои заедно реализираа 30 поени.
Во составот на „мамузите“ 22 кошеви постигна Леонард, 19-ет Тим Данкан, а еден помалку Олдриџ.
OhridNews