Серијата од девет победи на „јастребите“ застана на гостувањето во Орландо откако домаќините славеа со минимални 100-99 во меч, кој изобилуваше со неизвесност.


Кошаркарите на Атланта кои настапија без македонскиот интернационалец Перо Антиќ ја имаа десеттата последователна победа в раце, но грешките во финишот домаќините ги казнија.


Клучните поени ги постигна Тобијас Харис во последниот напад на натпреварот, кој погоди со звукот на сирената.

Ohridnews