Екипата на Сакраменто Кингс му обезбеди место на Предраг Стојаковиќ во легендите откако го повлекоа неговиот дрес (16) од понатамошна употреба.
На свечената церомонија пред мечот со Оклахома присуствуваа неговите најблиски и составот со кој Стојаковиќ го имаше блескавите натпревари во НБА лигата.
Тој во Сакраменто играше од 1998 до 2006 година. Негова најдобра сезона во дресот на „кралевите“ беше 2002/03 кога имаше просек 24,1 поен и дури 240 погодени тројки во текот на сезоната.
Три пати беше дел од „Ал стар“ спектаклот, а неговиот дрес во Арената од Сакраменто стои до оној на Владе Дивац и Крис Вебер.
Мх.П.