Кошаркарите на Индијана Пејсерс единствено забележаа победа од гостинските екипи во четирите меча кои означија почеток на плејофот во НБА лигата.
„Пејсерси“ славеа со 100-90 против тимот на Торонто Рапторс и поведоа (1-0) во серијата подобар до четири победи.
Предноста што ја носи домашниот терен ја искористија екипите на Голден Стејт, Оклахома и Атланта кои победија против Хјустон (104-78), Далас (108-70) односно Бостон (102-101).
Резултати: Торонто – Индијана 90-100 (0-1), Голден Стејт – Хјустон 104-78 (1-0), Оклахома – Далас 108-70 (1-0), Оклахома – Бостон 102-101 (1-0).
OhridNews