Кошаркарите на Сан Антониот Спарс славеа на гости кај Феникс во  петтиот натпревар од полуфиналето на западот со 88:85 и поведоа во серијата прв до четири со 3:2. Клучна беше четврттата четвртина која “Спарс“ ја добија со 32:23.

Најефикасен на натпреварот беше аргентинецот Мано Џинобили, а работата на гостите од Тексас во голема мерка им ја олесни неиграњето на клучните играчи кај Феникс Амаре Стадемаер и Борис Диао кои заедно со Ори кај Сан Антонио беа суспендирани за учество во инцидентот кој се случи на 4-от натпревар во Тексас. Шестиот натпревар кој може да биде одлучувачки се игра во Сан Антонио.


најефикасен-Џинобили

На истокот Кливленд не ја искористи првата меч топка , откако ноќеска пред своите навивчи загуби од Њу Џерси со 72:83. Кливленд води во серијата со 3:2, а следниот натпревар се игра во Њу Џерси.

Вечерва во 2 ч. по полноќ по македонско време Чикаго дома игра  против Детроит кој води во серијата со 3:2.

Г.М.