Детроти Пистонси ги исполнија очекувањата.Првите две средби во воведната фаза од разигрувањето против Орландо ги добија без многу напор.Слична е констатцијата и за Хјустон кои во две средби ја запре Јута.

Детроит  – Орландо 98:90

Во натпревар како пресликан од оној од пред два дена, Детроит го совлада Орландо и поведе во серијата со 2-0. Детроит повторно одигра онолку колку што им требаше за да стигнат до победата.

Орландо и онака немаше доволно расположени кошаркари кои можеаа да му парираат на Детроит,згора на тоа “ клиповите“ во целост го запреа првиот играч на Орландо Двајт Хауард.
До втората победа во разигрувањето Детроит го предводеа Ричард Хамилтот 22 поени и 6 асистенции,Чонси Билапс 21 поен и 8 асистенции и Рашид Валас 17 поени и 11 скока.
Кај Орландо Хидо Туркоглу постигна 22 поени,а ветеранот Грент Хил против својот некогашен тим уфрли 21 кош.Најдобриот играч на “магичните“ Двајт Хауард,Детроит го задржа на 8 поени и 11 скока.

Третиот дуел од серијата меѓу овие два тима се игра во Орландо во четврток.
 
Хјустон – Јута 98:90

Најдобрата play-off игра на Карлос Бузер(41 поен,12 скока и 6 асистенции) не беше доволна за Јута да го избегне и вториот пораз во серијата со Хјустон.

Ракетите поведоа со 2-0 во серијата и ја одбранија предноста на домашниот терен.
Вообичаено Хјустон го предводеше тандемот Трејси Мек Грејди – Јао Минг. Т-Мек постигна 31 кош,на кои придодаде 10 скока и 5 асистенции,Кинскиот колос натпреварот го заврши со учинок од 27 поени и 9 скока.Солидно кај Хјустон одигра и Чак Хејс (12 поени и 12 скока).

Кај Џезерите подршка Бузер доби само од Дерон Вилијамс 15 поени и по 7 скока и асистенции.
Интерсно е што Хјустон го доби натпреварот иако неговите кошаркари од поле погодија 36,1 % од ударите,Јута погоди 45,2 % од ударите конпротивничкиот кош.

Третиот натпревар во Солт Лејк Сити на програмата е во четврток.

Во ноќта помеѓу вторник и среда во рамките на разигрувањето во НБА лигата,вторите средби од сериите ќе ги одиграат Чикаго-Мајами , Торонто-Њу Џерси и Феникс-Л.А.Лејкерс.
  
       

 Ненад Цветанов