Детроит го доби првиот натпревар против Кливленд 79-76, во рамките на финалето од источната конференција во НБА лигата.

Во својата арена “Обурн Хилс Палас“ Детроит го лимитираа вундеркиндот на Кливленд, ЛеБрон Џејмс на 10 поени, што се покажа како клучно за конечната победа.

Пред стартот на серијата “Пистонси“ најавуваа дека главен акцент во одбраната, ќе биде запирањето на Џејмс. Првиот натпревар се покажа и повеќе од успешен. ЛеБрон Џејмс постигна 10 поени со шут од поле 5/15, во статистиката Џејмс уште запиша 10 скока и 9 асистенции.

Кливленд имаше предност во скокот 49-41 и подобар процент на реализација 43 %, наспроти 37 % на Детроит.

Ричард Хамилтон (24 поени и 7 асистенции) и Рашид Валас (15 поени, 12 скока, 7 блокади-рекорд во кариерата) го предводеа Детроит до првта победа во серијата.

Кај гостите, подобри од останатите беа Зиндурас Илгаускас ( 22 поени, 13 скока) и Андерсон Варежао (13 поени и 8 скока).

Вториот натпревар од источното финале, се игра во среда во Детроит.

Ненад Цветанов