Феникс и Чикаго водат со 2-0 во сериите од првиот круг на разигрувањето во НБА лигата.Во преостанатиот натпревар синоќа Торонто израмни на 1-1 против Њу Џерси.

Чикаго – Мајами 107:89

Во разигрувањето од НБА лигата кога тимовите даваат се од себе мора да го дадете најдоброто,додколку сакате да се пласирате во следната фаза.Ова непишано правило го заборавија кошаркарите на актуелниот шампион Мајами,тие го загубија и вториот натпревар во Чикаго и тоа убедливо 107-89.

Натпреварот “Булси“го решија во третата четвртина кога со три врзани тројки Бен Гордон го одлепи својот тим на предност од 17 поени. Токму Гордон со 27 поени беше првото име на мечот,кај Чикаго уште Луол Денг уфрли 26,а Кирк Хајнрих 14 коша.

На спротивната страна Двејн Вејд реализира 21,а Шекил ОжНил 17 поени. 
Серијата се сели на Флорида каде Мајами два пати ќе биде домаќин.

Феникс – Лејкерс 126:98

За разлика од првиот меч,во вториот Феникс на Лејкерси не им даде ниту грам надеж дека можат да победат во Аризона. Феникс веќе во втората четвртина водеше со 21 поен,во третата и со 28 коша,разлика со која и заврши натпреварот.

Феникс повторно беше предводен од Леандро Барбоса,Бразилецот исто како и на првиот натпревар постигна 26 поени. Тренерот на Феникс Мајк Дантони си дозволи луксуз да ги одмори своите двајца најдобри кошаркари,Стадемаер и Неш на теренот минаа само 24 минути.
Третиот натпревар се игра во петок во Лос Анџелес.

Торонто Њу Џерси 89:83

Во последниот натпревар синоќа Торонто го совлада Њу Џерси и израмни во серијата на 1-1.
Натпреварот во Канада беше целосно израмнет,ниту еден од тимовите немаше предност поголема од три коша. Ентони Паркер со 26 и Крис Бош со поен помалку беа предводници на Торонто.На спротивната страна Винс Картер постигна 19 поени.
Серијата сега се сели во Њу Џерси третата средба се игра во петок.

Во ноќта што следи во НБА лигата на програмата се вторите натпревари од сериите помеѓу,
Сан-Антонио и Денвер(0-1),Далас и Голден Стејт(0-1),Кливленд и Вашингтон(1-0). 

        Ненад Цветанов