Сан Антонио славеше и во вториот натпревар на домашен терен над Кливленнд 103:92 и поведе во финалната серија од плеј-оффот со 2:0.

Тони Паркер со 30 поени беше лидер кај спарси, Џинобили уфрли 25, а Данкан 23 поени. Кај Кливленд првата ѕвезда Леброн Џејмс постигна  25 поени.


Тим Данкан и Тони Паркер

Следните три натпревари од серијата подобар од 7 се играат во Кливленд.