Две големи изненадувања во првите средби од разигрувањето во НБА лигата во западната конференција.Дека тука ќе има многу неизвесност потврдија и Л.А.Лејкерси кои го изнамачија Феникс.Во единствената “источна“ средба Кливленд го демолира Вашингтон.

 Dallas Mavericks – Golden State Warriors 85:97

Кошаркарите на Голден Стејт триумфално минаа низ Далас.Предводени од Баjрон Дејвис на теренот и Дон Нелсон од клупата “Воините“ победија во Тексас 85-97.Ветеранот Дејвис го одигра можеби најдобриот натпревар во разигрувањето уфрли 33 поени,на кои им придодаде 14 скока и 8 асистенции,солиден учинок уште имаше и Стивен Џексон-23 поени.Најпрецизен во тимот на Далас беше Џош Хауард 21 поени(шут од игра 8/21),незабележлив беше и Дирк Новицки 14 поени и 12 скока со шут од игра 4/16.Со победата Голден Стејт најавува можна сензација во првата рунда,во прилог на ова им оди и статистиката,ова за нив беше шестата последована победа против Далас,четврта оваа сезона.

 San Antonio Spurs – Denver Nuggets 89:95

Второто изненадување го приреди Денвер со победата во Сна Антонио.Беспрекорно функционираше тандемот Ајверсон-Ентони кои искомбинира 61 поен,Ајверсон 31,Ентони 30.На спротивната страна Паркер постигна 19 , Финли 15 , а Ори и Данкан по 14 поени.Денвер целосно го контролираше натпреварот,во последните пет минути имаа двоцифрена предност.Играчите на Сан Антонио се  приближија на еден поен,но Денвер во пенал завршницата ја однесе победата.

 Phoenix Suns – Los Angeles Lakers 95:87

Бразилецот Леандро барбоса влегувајќи од клупата постигна 26 поени со кои ги предводеше “Сонцата“ до победата над Лејкерси.Кај тимот со вториот резултат од регуларниот дел од сезоната уште двајца кошаркари мечот го завршија со двоен ефект:Амаре Стадемаер 23 поени и 13 скока,Стив Неш 20 поени и 11 асистенции.Лејкерси кои во поголемиот дел од натпреварот имаа контрола на случувањата на теренот,дури и испуштија предност од 12 поени,беа предводени од Коби Брајант.Првиот стрелец во лигата постигна 39 поени,особено беше спектакуларен во првото полувреме кога постигна 28 коша.

 Cleveland Cavs – Washington Wizards 97:82  

На едиствената средба одиграна на Истокот,Кливленд сосема очекувано го збриша Вашингтон.

“Кавалирси“ беа предводени од Лери Хјуз 28 коша,Леброн Џејмс натпреварот го заврши со 23 поени,9 скока и 7 асистенции.

Во одсуство на повредените Гиберт Аринас и Кирон Батлер,тимот од престолнината на САД го предводеше Антоан Џејмисон со 28 поени и 14 скока.

 

                                                                Ненад Цветанов