
76-ките почнаа слабо како што и се очекуваше од нив. По првите 3 месеци имаа скор од 18-30 и никој не се надеваше дека можат да се вратат после ваков старт. Но после 4ти февруари се појавува нова Филаделфија. Во месец март имаа само 4 пораза. Победуваа секого, без разлика дали тоа било Бостон, Сан Антонио, Детроит или некој друг фаворит.
Лидер на ваквата Филаделфија беше Андре Игудала. Всушност целиот тим треба да се пофали. Игудала беше константен уште од стартот на сезоната. Најголемата причина беше плејот Андре Милер. Во овие два месеци имаше во просек над 18 п и 8 ас по натпревар што беше прилично повеќе од стартот на сезоната. Треба да се спомене и шутерот Воли Грин кој беше константен скоро цела сезона, се надополнуваше на овие двајца кога не им одеше. Всушност тој беше втора опција во нападот на почетокот. Особено солидна сезона одигра центарот Семјуел Даламбер. Повеќе во одбраната отколку во нападот, но дабл-дабл сезона не е мала работа, уште повеќе ако се знае дека ова му е прва таква сезона во неговата кариера.
Треба да се споменат и солидната замена на бековска позиција Луис Вилијамс, потоа годинашново руки, крилото Тадеус Јанг и минатогодишниот руки бекот Родни Карни, како и искусната замена за вискоите играчи Реџи Еванс.

Поглед во иднината ! !
Самото учество во плеј-офот е голем успех за овааа екипа на Фили и огромно искуство за играчите понатаму. Второ коло нема теоретски шанси. За повеќе успех потребен е барем еден одличен кошаркар на високите позиции.










