Детроит повторно убедливо се пласираа во плеј-офот. Повторно се фаворити од сенка но “никој“ не се надева дека ќе станат шампиони. Луѓето стално забораваат на нив, но дечките во последниве 6-7 год играат одлична кошарка. Од сезоната 2002/03 Детроит нема пропуштено финале на конференција. Два пати стасуваа до финалето на НБА. Еднаш и го освоија 2004 кога ја растурија ерата на Коби и Шек, а во 2005 беа поразени од Сан Антонио.
Нивната игра главно се базира на тимската игра, борбеноста и одличната одбрана. Исто како и минатата година покажуваат дека Бен Волис не бил одбраната туку за тоа е заслужна целата екипа. Доброто за нив, е што се лесно прилагодлива екипа како и тоа што Пистонси немаат некој супрестар.
Имаат доста солидна прва постава. Господинот (big shoot) Чонси Билапс ,неуморливиот Ридард Хамилтон, “плус минус” играчите Тајшон Принс и Рашид Валас кои ако им оди никој не ги запира, но ако не им оди не  ја форсираат многу а петорката ја потполнува МекДајс кој најпосле сезонава доби вистинска шанса како стартер и одлично ја користи. Одличен е во одбраната, а во нападот не троши многу топки.
Имаат и солидна клупа, не толку шутерски расположена колку одбрамбено. Откритието на сезоната им е Џејсон Максиел. Инзвонреден одбрамбен играч. Тука е и дојденецот на полусезона искусниот центар и се уште одличен во одбраната Тио Ретлиф како и рукито Родни Стаки кој е чисто офанзивен исто како и Џарвис Хејс.
Годинава имаа две двоцифрени серии една 10-0 и една 11-0. Тие се втората најдобра дефанзивна екипа во лигата со примени 90.7п по натпревар. Дури четворица имаат со просек по над 10п по натпревар. Билапс, Хамилтон. Принс и Рашид.
Сезонава Детроит се очекува да дотуркаат до 6-то по ред финале на конференција. Значи финалето на истокот треба да биде Бостон-Детроит.

© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by  Ohridnews.com