Втора година по ред Јута во плеј-оф. Полека, полека се создаде нов тим на Јута и од сега па натаму секоја сезона треба да биде се подобар и подобар. Лани изненадија со пласманот во финалето на западот, каде изгубија со 4-1 од Сан Антонио.
Сезонава Џезерите имаа среќа што се наоѓаат во најслабата дивизија на западот. Па така како освојувачи на Северозападот ќе можат да бидат на 4-то место иако според скорот треба да бидат на 6-то. Сепак како и да се пласирани не им се паѓа послаб противник во плеј-офот.
Ништо чудно и годинава Јуат да стасаат таму кај што беа лани. Иако никој не смета на нив сепак тие имаат тим за високи дострели. Да не им беше месецот декември, во кој имаа 5-11 може ќе беа место погоре на западот. Главен адут им е плејот Дерон Вилијамс. Фантастичен играч. Плејмејкер кој секој би го посакал во тимот. Добро чувство за додавање, добар ораганизатор на играта, има добар влез и знае да погоди тројка иако не форсира шут од далечина. Сезонава има 19.0п и 10.6ас по натпревар. Има 52 дабл-дабл натревари, со што е на 4то место во НБА или на 2ро од бековите. Крис Пол има 54. Трет асистент во лигата. Дерон е иднината на плеј позицијата во НБА. Друг адут или втора ѕвезда во тимот е крилниот центар Карлос Бузер. Вилијамс е мозокот, а Бузер е срцето на тимот. Голем борец, голем работник на теренот. Ја игра може својата најдобра сезона во НБА досега. За тоа беше почастен и со учество на ол-стар натпреварот.

Јута е тимот кој има најдобар скор сезонава на домашен терен. Имаат само 4 порази. Па домашниот терен треба да им биде јака страна. Ако успеат да откинат барем една победа како гости во плеј-офот може пак да го повторат успехот од лани. Имаат екипа за таков подвиг.










